Обвинителството побара 10 години затвор за обвинетите за грабежот во Тутунска банка

by fokus

Обвинителството, во завршниот збор за грабежот во Тутунска банка, побара обвинетите да се казнат со највисока казна, што во случајот е десет години.

Свој завршен збор денеска ќе дадат и обвинетите Бобан и Горан Смилевски, Борис Минчевски и Мирослав Каевски, кои  на минатото судско рочиште ја признаа вина, но не открија што сториле со украдените пари.

Адвокатот на Бобан и Горан Смилевски побара од судот поблага казна поради, како што кажа, нарушената здравствена состојба. Тој напомена и уште една причина која треба да се земе во обзир за намалување на казната, а тоа е старателството на детето на второобвинетиот, Горан Смилевски.

Според одбраната еден од обвинетите донирал пари во добротворни цели, на судот му испратил признаници и благодарници за тие активности.

Обвинетиот Горан Смилевски е претседател на Синдикатот на вработените во НБРМ поради што според неговиот адвокат уживал висок општествен углед како и добивал признанија и високи оценки за неговата работа.

Според обвинителниот акт, обвинетите искористувајќи ја својата работна позиција и познавањето на процесите на работата во банката, на еден датум украле 400.000 швајцарски франци и 375.000 евра, а на друг датум 2 милиони швајцарски франци и 270.000 евра.

За кривичните дела, тешка кражба и затајување, за кое се товарат обвинетите, предвидена е затворска казна од три до 10 години, односно од една до 10 години.

Поврзани новости