Од Скопското основно јавно обвинителство за Дневник потврдиле дека отвориле предмет за снимки од приватни разговори меѓу функционери на ДУИ, меѓу кои имаше и разговор меѓу вицепремиерот Муса Џафери и пратеничката Ермира Мехмети.
И двајцата за медиумите на албански јазик ја негираа автентичноста на разговорите, нагласувајќи дека станува збор за монтажа со цел да им се наштети на личниоит интегритет како и на кредибилитетот на партијата.
– Станува збор за монтирани снимки кои се користени за политичка уцена уште од јануари. Јас дадов исказ во Јавното обвинителство да го истражува случајот, а го повикувам и Специјалното Обвинителство да поведе постапка – изјави Мехмети за НОВАТВ.
Овие разговори наводно биле една од причините за одлуката на Али Ахмети да ги повлече неговите министри од владата.