881
По скандалозното видео на кое се гледа како група граѓани тепаат едно лице, во Струмица, од Обвинителството информираат дека отвориле предмет по допрен глас.
-По објавите на социјалните мрежи и во медиумите, Основното јавно обвинителство Струмица вчера, по допрен глас оформи предмет за настанот во центарот на Струмица, кога повеќе лица беа учесници на тепачка. Издадени се насоки и наредби до надлежните органи за доставување на податоци и утврдување на идентитетот на лицата кои беа учесници во настанот.
Обвинителството продолжува во континуитет да презема дејствија во насока на расчистување на настанот, велат од Обвинителството.