Обвинителството од двајца демонстранти бара 15 илјади евра за канцеларијата на Иванов

by Фокус

Основниот суд Скопје 1 го одложи рочиштето за двајцата демонстранти приведени на 13 април. Ттие се товарат за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

Судијката денеска ја одложи постапката по барање на одбраната, затоа што обвинителството бара спојување на оваа постапка со уште еден предмет при што побарува оштета од 880 илјади денари. Судијката на рочиштето изјави дека нема да дозволи спојување на предметите и дека ќе му даде рок на обвинителството од еден ден да се произнесе за штетата поединечно.

Демонстрантите Никола Аризанов и Филип Наковски кои беа приведени на протестите на 13 ти април, се во домашен притвор и се единствени од првата група приведени кои добија кривични пријави.

Според полицискиот извешај двајцата приведени учествувале во кршење на инвентарот на Народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов.

 

Поврзани новости