Предметот против новинарот Зоран Божиновски останува во надлежност на Основното јавно обвинителство, иако предметот „Шпион”, со одлука на Апелациониот суд е даден во надлежност на Специјалното јавно обвинителство.
Од СЈО обвинија дека Основниот суд Скопје 1 го крши законот затоа што за новинарот Божиновски, бара мислење од Обвинителството за организиран криминал и корупција наместо од нив. Со тоа, во прв степен Судот комплетно го исклучува обвинителството на Катица Јанева, што е во спротивност со Законот за СЈО.
Претходно, Јанева го побара предметот за Божиновски со образложение дека се работи за предмет против лице кое неодамна било екстрадирано од Србија, а е дел од случај кој веќе е во надлежност на СЈО.
Сепак, наместо во СЈО предметот беше испратен до Советот на јавни обвинители. Освен за предметот „Шпион”, пред неколку месеци Советот не ѝ ги даде на Јанева предметите за „Маѓар телеком“, предметот Зоран Верушевски и за неговиот син, како и предметот „Поткуп“.