Обвинителството не било затекнато, туку од првиот момент било информирано за можното бегство на Камчев

by fokus

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) имала сомнежи дека бизнисменот Орце Камчев се спрема за бегство, МВР го лишува од слобода, а Обвинителството бара притвор. Секоја од институциите постапувала во рамките на своите надлежности и во ниту еден момент ниту една од нив не била затекната, туку постојано биле во координација, тврдат доброупатени извори за неделникот „Фокус“.

Според информациите на „Фокус“, се почнало пред околу две недели, кога Камчев, или можеби подобро речено, луѓето кои биле со него, станале интерес на АНБ.  Нашите извори појаснуваат дека Агенцијата за национална безбедност, според овластувањата кои ги има, си ја вршела работата, односно вниманието им го привлекле бугрските разузнувачи кои престојувале на наша територија. Во меѓувреме, дошле и до информации дека бизнисменот Камчев планира бегство во Бугарија, по што не тргнале да го апсат, бидејќи немаат таква надлежност, туку навреме ги информирале соодветните институции, во случајот МВР и Обвинителството, во кое Камчев се јавува како осомничен во две истраги.

Од тој момент, комуникацијата и координацијата продолжила да се одвива меѓу МВР и Обвинителството, по што утрото во неделата, додека Камчев бил во движење, бил запрен од припадници на „алфите“ и бил приведен во полициската станица Карпош.

Тогаш и надлежниот обвинител, во случајот Лиле Стефанова, е известена дека Камчев веќе е приведен, по што со спремно барање за притвор се упатува во Кривичниот суд. Фактот дека обвинителката подготвена стигнува прва во судот говори за нејзината претходна координација со АНБ и МВР.

Повеќе детали за начинот на кој бил приведен бизнисменот Камчев прочитајте во неделникот „Фокус“.

В.В.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости