СЗО: Вакцината на АстраЗенека има огромен потенцијал за намалување на смртните случаи од Ковид

by fokus

Податоците за вакцината на „АстраЗенека“ не покажуваат општо зголемување на случаите на згрутчување, но ефектот од неа ќе продолжи да се следи, соопшти Светската здравствена организација.

„Вакцината против Ковид-19 на ’АстраЗенека’ продолжува да има позитивен профил на ризик, со огромен потенцијал за спречување инфекции и намалување на смртните случаи низ целиот свет“, се вели во соопштението на Светскиот советодавен комитет за безбедност на вакцините.

Поврзани новости