Основното јавно обвинителство информира дека издале наредба за спроведување истражна постапка против банкарот, осомничен за грабежот во „Тутунска банка“. Оттаму додаваат дека банкарот се осомничен дека сторил кривично дело Затајување по член 239 став 5, а во врска со ставовите 3 и 1 и со член 45 од Кривичниот законик.
-Лицето е осомничено дека затаило два милиони швајцарски франци и 270.000 евра од главниот трезор на една деловна банка, се наведува во соопштението на обвинителството.
Оттаму додаваат дека веќе издале и наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот и комплетната документација од банката, како и за обезбедување на листинзите од телефонската комуникација на осомниченото лице.
-По предлог од надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка на осомниченото лице му определи мерка притвор во траење од 30 дена. Истрагата за целосно расветлување на овој случај продолжува., велат од обвинителството.