Пратениците и го одобрија буџетот на Јанева

by Фокус 14:18
14:18

Специјалната обвинителка Катица Јанева се уште го нема на располагање комплетниот тим на обвинители со кои ќе ги истражи индициите за криминал што произлегуваат од аферата со прислушувањето, но ги доби бараните средства за работа.

На предлог на министерот за финансии Зоран Ставрески, пратениците и го одобрија буџетот во висина од околу еден милион евра кој го побара, без ниту еден збор расправа.

- Advertisements -

Сега, Јанева чека Советот за јавни обвинители да и ги одобри преостанатите 7 обвинители, но од таму се уште одбиваат да го сторат тоа, порачувајќи и да почне со работа со седумината што веќе ги има.

Поврзани новости