Обвинителството ја повлекло жалбата со која бараше на Мијалков да му се одреди притвор, наместо куќен притвор

by fokus

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја повлекло жалбата што вчера ја поднесе до Апелацискиот суд со која бараше на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков наместо куќен притвор да му биде одреден затворски притвор, потврдуваат за Фокус од службата за Односи за јавност на Обвинителството.

Сепак од таму немаат информации зошто и кога жалбата е повлечена и дали на неа се потпишани обвинителите кои го водат предметот „Таргет-Тврдина“ кој се однесува на масовното прислушување, а за што се гони Мијалков.

Раководителката на Обвинителството, Вилма Русковска за одговор не упати кај републичкиот јавен обвинител, но од таму не добивме одговор.

Веста дека жалбата е повлечена доаѓа откако Мијалков попладнево, по два дена потрага по него, се појави сам во Обвинителството за да си го земе решението за куќен притвор. Тој рече дека бил болен и во изолација, но не кажа каде бил во изолација додека полицијата пребаруваше повеќе локации.

Поврзани новости