Заев: Судот и ОЈО никако не треба да го сметаат пријавувањето на Мијалков за олеснителна околност

by fokus

Премиерот Зоран Заев вечерва одржа прес конференција на која порача дека

-Правдата е задоволена и ќе ја има се почесто. И ќе следува ваквов одогворо секогаш кога некој ќе сака да си игра со правдата. Во изминатите 40 часа, институциите предводени од мене, во координација со правосудните органи презедовме акција. Со акцијата координирав јас и Сашо Мијалков немаше друга опција освен да се пријави. За овој значаен успех придонес дадоа соодветните министерства, надлежните агенции, Судот и ОЈО. Им благодарам на сите институции. Секако ОЈО и Судот неговото пријавување никако не треба да се смета за олеснителна околност. Не треба да се заборави дека Мијалков првично избега, односно не беше достапен завполицијата. Барам да се истражат пропустите и одговорност ќе има. Јас, Зоран Заев ве гледам во очи и ви укаѓувам: комрпис за правда нема и нема да има. Ако си грешел, ќе одговараш, тврди Заев.

Поврзани новости