Јавното обвинителство ги следи информациите и ќе постапи доколку бидат утврдени елементи на кривично дело. До овој момент до обвинителството не е поднесена кривична пријава во врска со стечајот во Еуростандард банка, велат од Обвинителството за Фокус.
Мнозинскиот акционер во банката којашто остана без дозвола, Трифун Костовски минатата недела објави јавен повик до претседателот на Собранието Талат Џафери, до Обвинителството за организиран криминал, до Антикорупциска комисија и МВР и побара да отворат истрага за затворањето на банката.
-Ги повикувам горе наведените институции да се вклучат во истрагата околу случајот за стечајот на Еуростандард банка, кој изобилува со недоследности од страна на надлежните институции и многу нејасностии за носењето на оваа одлука. Ги молам институциите да почнат да дејствуваат по принципот на допрен глас, се велеш во повикот на Костовски.