Обвинителствот бара на оперскиот пејач Игор Дурловски и собраниската службеничка Елена Доцевска Божиновска да им се укине затворскиот притвор, и двајцата да одат во куќен притвор. Поблага мерка предлагаат и за пратеничката Жаклина Пешевска, односно да се укине мерката куќен притвор и да и се одреди мерка на претпазливост.
-Надлежниот обвинител побара од судот за лицето Ж.П да биде укината мерката куќен притвор и истата да биде заменета со мерки на претпазливост, а за осомниченото лице И.Д. мерката притвор да биде заменета со мерка – куќен притвор. За останатите осомничени лица обвинителството останува на барањето за продолжување на претходно изречените мерки за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека од Основниот суд Скопје 1 – Скопје за осомниченото лице Е.Д.Б. побара мерката притвор да биде заменета со мерка куќен притвор, информираат од обвинителството.
Оттаму додаваат дека за останатите осомничени за крвавиот четврток доставиле барање за продолжување на мерките за обезбедување на присуство.