Дури 13 сообраќајки вчера се случиле во Скопје

by fokus

Во текот на вчерашниот ден се случиле дури 13 сообраќајки, при што со тешки телесни повреди се здобиле тројца пешаци, а петмина граѓани поминале со полесни повреди.

-Од преземените мерки и активности констатирано е дека 23 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената. 12 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи двајца го управувале возилото под дејство на алкохол додека 10 возачи управувале возило без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Поради нерегистрирани возила од сообраќај се исклучени 11 возила. Еден пешак е санкциониран бидејќи го поминал коловозот надвор од пешачки премин. Пет возачи се санкциониран бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло додека двајца возачи неправилно се престроиле. Во текот на изминатиот ден издадени се 92 мандатни платни налози, додека 94 возила се подигнати со “пајак”, информираат од МВР.

Поврзани новости