Обвинителството бара 30 лица да платат по илјада евра за орото за време на полициски час

by Фокус

За играње оро за време на полициски час, гевгелиското обвинителство побара 30.000 евра казна за 30 играорци од Прилеп и 13.000 евра за лица кои се движеле пеш или со возила, прекршувајќи ја забраната за движење.

Како што информираше обвинителството, 30 лица се обвинети затоа што на 19 април 2020 година, за време кога во сила била забраната за движење, излегле од своите домови и на улицата „Јосиф Јосифовски“ во Прилеп играле оро, на претходно пуштена музика.

Останатите 13 лица, според обвинителството, го сториле кривичното дело движејќи се пеш или со возила за време на полициски час.

Поврзани новости