Обвинителство: Притвор за двајца уапсени во врска со убиството на лекарот во Железара

by Fokus

„Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара.

Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена“, информираат денеска од Обвинителство во врска со убиството за матичниот лекар Ацо Трпковски пред поликлиниката Железара во Скопје.

Поврзани новости