МВР го сомничи Зоран Заев во акцијата „Пуч“ заедно со Зоран Верушевски

by Фокус

Четири лица меѓу кои  лидерот на СДСМ, Зоран Заев се осомничени во новата полициска акција „Пуч“, јави МВР, а објавуваат провладините медиуми. Според информациите од полицијата, првосомничен е екс директорот на ДБК, Зоран Верушевски кого полицијата го терети за шпионажа и помагање на насилство врз државни функционери.

Како што објавија преку соопштение од МВР, Заев од септември остварувал средби со Груевски и му се заканувал со докази против него, барајќи техничка влада и избори. За возврат, лидерот велел дека нема да ги објавува т.н. бомби. Според полицијата изворот му бил Верушевски.

Според полицијата, целата група ќе одговара за насилство кон државни органи, загрозување на уставени поредок и демократски институции, дело кое прв пат се открива во Македонија. Заев е единствениот кој не е приведен во оваа полициска акција. Останатите тројца веќе се во полицијата.

Поврзани новости