Од Основното јавно обвинителство денеска преку соопштение информираа дека по обвинувањата и кривичните пријави поднесени од СДСМ за незаконското прислушување, се ангажирани 17 обвинители кои ќе работат на овие предмети.
„Основното јавно обвинителство – Скопје ја известува јавноста дека предметите по јавно објавените наводи од наводно прислушкуваните разговори по службена должност и досега поднесените кривични пријави од СДСМ, се распоредени на 17 јавни обвинители од ова обвинителство. Сите пријави се дадени во работа. По дел од истите досега се преземени определени дејствија, а во тек е преземањето и на други активности согласно Законот за кривична постапка, Кривичниот законик и внатрешните правила за работење на јавното обвинителство“, се вели во соопштението на обвинителството.
Оттаму додаваат дека без оглед на тоа кој е подносител на пријавите а кој пријавен, надлежните јавни обвинители на ист начин постапувале по сите предмети.