Заев: Груевски местел тендери за Горан Иванов од Сител

by Фокус 14:15
14:15

Во денешната „бомба“ на СДСМ се објавуваат аудио снимки како Груевски како местел тендери и фирми, како уценувал и како корумпирал.

Според Заев, Груевски местел многу тенедери на свои блиски луѓе, како Горан Ивановски, газдата на Сител.

На првата снимка Груевски и Чинговски, директорот на РЕК Битола договарале како да му помогнат на Ивановски.

- Advertising -

Груевски му дава упатства на Чинговски да ја преземе целата работа околу тендерот затоа што Ивановски многу им значи, а од Чинговски добива уверување дека ќе направи се што е во негова можност. Чинговски во разговорот признава дека на Ивановски му сугерирал освен неговата фирма во Кратово да се спои во козорцуим со друга за да успеаат на тендерот во РЕК Битола.

На снимката се споменува и лицето К.Б. за кое Зеев кажа дека е генралниот владин секретар Кирил Божиновски.

 

Поврзани новости