Обвинителство ќе ja истражува купопродажбата на „ТЦ-Соравија“

by Fokus

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет за истрагата за продажбата на трговскиот центар Соријавија, за која се вели дека внукот на Али Ахмети, Дрин, добил над 39 отсто од акциите без да инвестираат ниту цент, објави тв Алсат.

Според информациите, Обвинителството вели дека го отворило случајот за истрага по гласовите во јавноста.

„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по информациите кои постојано се објавуваат во медиумите, минатата недела отвори предмет според гласовите во јавноста за купопродажбата на ТЦ „Соравија“. Предметот е доделен на јавен обвинител кој ќе постапи и ќе ги достави соодветните поднесоци до институциите надлежни за истрага на финансиските текови (Управа за финансиска полиција, Единица за финансиски истраги при Министерството за внатрешни работи, Управа за јавни приходи итн.) – се наведува во одговорот на Обвинителството.

Поврзани новости