436
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција бара од Судот да биде укинат притворот за пратеничката Жаклина Пешевска и да биде заменета со мерки за претпазливост, а за оперскиот пејач Игор Дурловски мерката притвор за биде заменета со куќен притвор.
„За останатите осомничени лица обвинителството останува на барањето за продолжување на претходно изречените мерки за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка“, соопштуваат од Обвинителството.