Основното јавно обвинителство побара од судијата претходна постапка при Основниот суд Велес мерка притвор за 55-годишниот маж, кој е осомничен дека во неколку наврати силуваш осумгодишно девојче. Случајот вчера во полиција го пријавила мајката на девојчето, 41-годишна жителка на Валандово, според која осомничениот сексуално ја вознемирувал и другата нејзина 15-годишна ќерка.
Мерката притвор обвинителство ја бара затоа што осомничениот може да ја попречува истрагата со влијание врз сведоци и може да го повтори делото. Имено тој е сосед и е во подалечна роднинска врска со оштетеното дете.
Против него е покрената истражна постапка поради постоење на основано сомневање дека извршил кривично дело Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години од член 188 ст.1 од Кривичниот законик.
Според исказите на детето и неговата мајка, осомничениот во текот на 2017 година во неколку наврати искористувајќи исти прилики извршил полови дејствија врз осумгодишното девојче.