Христијан Мицкоски ќе присуствува на молитвен појадок кај Трамп

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе оствари неколкудневна работна посета во Вашингтон придружуван од партиска делегација, соопштија од  партијата со која раководи.

Во соопштението се наведува дека во текот на посетата Мицкоски ќе се сретне со повеќе претставници на Белата куќа, Стејт департментот и членови на Претставничкиот дом и Сенатот.

Мицкоски, исто така ќе се обрати на Безбедносниот форум организиран од членови на американскиот Сенат и ќе присуствува на молитвен појадок кој се одржува под покровителство на претседателот на САД Доналд Трамп.

Поврзани новости