Обвинителот Сашо Рајчев, кој по пријава на поранешниот студентски лидер Самоил Малчески за фиктивни донации во ВМРО-ДПМНЕ одлучи кривично да не ја гони партијата и неговото раководство сега ќе шефува со скопското Јавно обвинителство.
Рајчев, кој подолго време ја извршуваше функијата на в.д. обвинител денеска беше избран на шефовската позиција со што го наследи местото на Гордана Гешкоска.
Како што пишуваше неделникот „Фокус“, по повеќе од две години „истрага“ на 4 декември 2015 година Малчески писмено бил известен дека постапката е запрена, а известувањето му го испратил токму новиот шеф на скопското јавно обвинителство.
– Ве известуваме дека ова јавно обвинителство нема да поведе кривична постапка, бидејќи по направените проверки, произлезе дека не постои основано сомневање дека било извршено наведеното кривично дело, ниту друго кривично дело кое се води по службена должност, се вели во известувањето кое на Малчески му го испратил јавниот обвинител Сашо Рајчев.