Со свечена изјава пред претседателот на собранието Талат Џафери, обвинителот Ацо Колевски и официјално е именуван за член на Советот на јавните обвинители.
-Јас како долгогодишен јавен обвинител со 30 годишно работно искуство сметам дека ќе можам да придонесам во работата на Советот, согласно законските задолженија, насочени кон зајакнување на самостојноста на јавните обвинители – изјави тој свечената изјава.
Колевски беше избран од редот на јавните обвинители, а доаѓа во советот на местото на Љубомир Јовески кој беше избран за државен јавен обвинител.
Името на Колевски стоеше на барањето за заштита на законитоста кое јавното обвинителство го достави до Врховниот суд со барање за укинување на притворот за бизнисменот Сеад Кочан, кој беше во бегство. Колевски вели дека постапил законски во случајот за Кочан.