496
Обвинителката Вилма Русковска, која го застапува предметот за насилството на 27 април, во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека во моментов нема доволно докази за нарачателот.
-Се согласувам дека доколку не ги откриеме нарачателите, организаторите на 27 април, ништо не сме направиле. Не постојат доволно докази, ни материјални, ни вербални, за нарачателот во моментов. Ние се уште работиме на тоа, рече обвинителката.