Јанчев: Би се кандидирал за лидер на следниот Конгрес, ако имам квалитетен тим

by fokus

Митко Јанчев во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 ја објасни својата изјава дека не може Христијан Мицкоски да го врати во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тој планира да ја води партијата.

-Тоа го кажав во контекст дека доколку на следниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, успеам да екипирам квалитетен тим, да направам квалитетна програма, ако имам можност Статутот на партијата да го направам подемокртски и полиберален, да би бил потенецијален кандидат, рече Јанчев.

Поврзани новости