Обвинителката Фетаи побара притвор за двајца обвинети во „Монструм“, случајот е при крај

by fokus

Обвинителката Фатиме Фетаи денеска побара притвор за двајца од обвинетите во „Монструм“, бидејќи како што рече кривичната постапка е пред самиот крај.

-Според динамиката на постапување и одлуките за прифаќање на последните два докази, јасно е дека доказната постапка за најмногу две рочишта би завршила. Имајќи предвид дека со приближувањето на моментот на одлучување што ние како обвинители цениме дека се темели исклучиво на доказите и фактите, а за кои обвинетите се свесни дека не се во нивни прилог, сметам дека мерките што се сега не се доволни за да спречат бегство. Со сите овие околности се запознаени и одбраната и обвинетите, што укажува атмосферата на тензичност, истакна Фетаи.

Таа притвор побара за Агим Исмаиловиќ и за Фејзи Азири.

-Барам против Агим и Фејзи да се определи притвор поради опасност од бегство, а против Хаки поради истата опасност секој ден да се јавува во судот. Агим нема државјанство, нема имот, не е женет и нема деца и поради тоа не претставува никаква тежина да премине за неполн час во Косово“ вели обвинителката Фатиме Фетаи.

Во моментов се чека Кривичниот совет да донесе одлука.

Поврзани новости