Агим Исмаиловиќ, обвинет во „Монструм“, избега откако обвинителката Фетаи побара притвор!?

by fokus

Обвинителката Фатиме Фетаи денеска побара притвор за двајца од обвинетите во „Монструм“, Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири, бидејќи како што рече кривичната постапка е при кај.

Но, наместо да бидат задржани во судот до одлука на Кривичниот совет, тие слободно си излегле, по што сега според информации на „Фокус“, нема ниту трага ни глас од Агим Исмаиловиќ.

Како што неофицијално дознава „Фокус“, екипи на МВР веќе трага по него.

Исмаиловиќ е еден од обвинетите за петкратното убиство што во 2012 година беше извршено кај Смиљковското Езеро. Неговиот брат Африм Исмаиловиќ исто така е еден од обвинетите, но тој заедно со Алил Демири, непосредно по петкратното убиство избегаа во Косово.

Освен за Исмаиловиќ, Фетаи побара притвор и за Фејзи Азири, а мерки на претпазливост за Хаки Азири, односно наместо како досега два пати неделно да се пријавува во суд, тоа да го прави секој ден.

Валентина Вурмо

Поврзани новости