Обвинителката бара притвор за Рашковски и уште тројца неправосилно осудени

by Fokus

Обвинителката која го води случајот „Софтвери“, Ивана Трајчева бара притвор за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски кој денеска беше осуден на неправосилна судска пресуда од осум години затвор.

Освен за него, Трајчева побара притвор и за обвинетите, Ивица Димитровски, Игор Христов и Даниел Станчев.

Таа тврди дека Рашковски може да се даде во бегство бидејќи гаранцијата од 192 илјади денари во имот во Струмица, со која Апелациониот суд го ослободи од куќен притвор, според податоците од Државната комисија за спречување на корупцијата имал три и пол пати пониска вредност.

Освен тоа, Трајчева вели дека Рашковски има сестра во Словенија и има пари.

Одбраната на Рашковски пак вели дека поранешниот генерален секретар и досега можел да го направи тоа, за време на судскиот процес и бара судот да не го прифати барањето за притвор. Тој и забележа на обвинителката дека досега требало да реагира ако имало некакви знаци дека Рашковски може да избега.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости