Обвинител и истражител од Бугарија доаѓаат да земат ДНК од семејствата на загинатите

by Fokus

Тим од шест истражители од Националната истражна служба и тројца обвинители од Окружното обвинителство во Перник ќе работат во поведената предистражна постапка за тешката сообраќајна несреќа на автопат „Струма“.

Во оваа насока, главниот обвинител Иван Гешев ќе испрати обвинител во Скопје, како и еден истражител од тимот кој ќе го достави барањето за правна помош до Обвинителството на Северна Македонија.

Заради брзина и ефикасност, упатениот тим лично ќе ги преземе потребните документи, прецизира Сијка Милева, портпарол на јавниот обвинител на Бугарија.

„За идентификација на загинатите државјани, бугарската екипа на лице место ќе ги добие ДНК профилите од роднините на загинатите за да ги спореди со ДНК профилите на жртвите, односно тие треба да се идентификуваат што е можно поскоро“, додаде таа.

-Создадена е потребната организација за брза и ефективна истрага, распределена е работата во посебни одделенија и насоки. Главниот обвинител Иван Гешев е во постојана комуникација со главниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески, вели Милева.

Поврзани новости