Обвинител бара 30-дневен притвор за директорот на Неврохирургија, Чапароски

by Fokus

Јавeн обвинител доставил предлог за одредување на 30-дневен притвор на директорот на скопската Клиника за неврохирургија, Александар Чапароски, кој 24 часа помина во полициска станица по пријава од родител за мито. Во моментот се чека одлука на судијата.

– Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, осомничено за сторено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик. Лицето е осомничено дека поткупот го примило, извршувајќи ја дејноста лекар. Ценејќи дека се исполнети законските услови, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка притвор за лицето во траење од 30 дена – се наведува во соопштението од Јавно обвинителство.

Поврзани новости