Обвинетите во случајот Алмир не се појавија во суд да ја слушнат пресудата

by Fokus

Во отсуство на обвинетите денеска беше изречена пресудата за случајот Алмир. Не беше присутен ниту осудениот Бобан Илиќ, обвинет затоа што го прегази четиригодишното момче кое почина, а не беа присутни ниту членовите на фамилијата Алиу осудени за насилство врз Илиќ. Во судската просторија беа само нивните застапници.

Како што појасни адвокатот на Алиу, неговите клиенти не можеле да присуствуваат на изрекување на пресудата затоа што биле на службен пат во Турција. Тие, додаде, возат камиони. Адвокатот Асмир Алиспахиќ го осуди тоа што во судницата не беше присутен ниту Илиќ.

-Неприсуствотo на Илиќ покажува дека нема ни грам морална одговорност. Не знам кој штити таков монструозен убиец – рече адвокатот. Или е осуден на шест месеци затворска казна.

Таткото на Алмир, Седат Алиу, доби затворска казна од шест месеци, додека чичкото и братучедот на семејството, Абдула Алиу и Самир Демири, по девет месеци затворска казна.

М.В.

Поврзани новости