Алиспаиќ: Не знам кој штити таков монструозен убиец

by Fokus 14:41
14:41

Адвокатот Асмир Алиспаиќ по донесувањето на пресудата, во која Бобан Илиќ, кој го прегази малиот Алмир беше осуден на шестгодишна затворска казна, а таткото на детето на шест месеци затвор смета дека ова е уште еден монтиран случај.

„Иако е предвидена казна од четири до 20 години, казната од шест години затвор е засрамувачка. Судот воопшто не ги зема во предвид олеснителните околности како губиток на дете. Туку се дрзна да ги осуди таткото, чичкото и братучедот на семејството. Јас како правник ќе се борам да докажам дека е ова монтиран случај. Самото обвинителство го водеше процесот за ваков резултат да се добие. Ние верувавме дека судот ќе изрече многу повисока казна предвидена согласно Кривичниот законик – истакна адвокатот Алиспаиќ.

- Advertisements -

Тој направи споредба дека за криумчарење на мигранти се изрекуваат над десет години, а не за губење на дете.

„Проблем при изрекувањето на правдата е тоа зошто се работи за лица од албанска етничка националност. Неприсуството на Илиќ на судењето покажува дека нема ни грам морална одговорност. И не знам кој штити таков монструозен убиец. Моите клиенти се на службено патување во Турција. Верувам дека предметот ќе биде вратен на повторно одлучување. Ќе се жалам на пресудата до повисоките судски инстанци – изјави Алиспаиќ.

М.В.

Поврзани новости