490
Поради отсуство на тројцата обвинети пратеници денеска по паузата се одложи судењето за настаните од 27 април. Пратениците не се појавија на продолжението од денешното рочиште затоа што заминале на координација во Собранието.
Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, заедно со петмината други пратеници од опозицијата кои гласаа за отворање на Уставот, денеска имаа координација со премиерот Зоран Заев и министрите Рената Дескоска и Никола Димитров.
Поради нивното отсуство судијката Добрила Кацарска се закани дека следниот пат ќе им одреди мерка притвор и одби да го прифати барањето на нивните адвокати за уште еден час пауза.