482
По спроведената истражна постапка, Основното јавно обвинителство од Велес денеска поднесе обвинение против четворица лекари од гевгелиската болница поради смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе во октомври минатата година. Бидејќи едниот од лекарите во меѓувреме почина, истрагата за него е запрена.
Обвинети се Т.В. лекар специјалист анестезиолог вработен во ЈЗУ Општа болница Гевгелија, В.Ч. и Д.М. лекари специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Општа болница во Струмица.
Тие се товарат дека сториле кривично дело „Тешки дела против здравјето на луѓето од чл.217 ст.2 в.в.чл.207 ст.1 од Кривичниот законик“.