Обвинетата Ангела не се чувствува виновна за убиството на Пино

by fokus

Не се чувствувам виновна за кривичното дело кое ми се става на товар бидејќи ништо од тоа што е наведено во обвинението не сум го сторила, рече 21-годишната Ангела Ѓорѓиевска која е обвинета дека е вмешана во убиството на Пино Секондо.

Нејзиниот адвокат Еленко Миланов тврди дека освен трагичниот факт дека Пино е мртов, обвинителството нема никаков друг доказ за начинот, времето и местото на убиството.
Дополнително, тврди тој дека и полиграфот покажал дека таа е невина иако обвинителката посочи дека полиграфско тестирање не е доказ.

Според обвинението, обвинетата на 11 декември 2018 година, го повикала оштетениот, сега починатиот Пинета Секондо Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и другиот осомничен со возило Опел Аскона, носејќи со себе пушка. Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот Шкода со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште.

Тројцата, се тврди во обвинението, се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент осомничениот со пушката го застрелал во главата оштетениот Пинета Секондо.

Поврзани новости