Обвинета во случајот „Тендери“ бара да и биде вратен пасошот за да оди на летување

by fokus

Јулијана Угриноска, третообвинета во случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство, денеска пред судиите на Апелациониот суд во Скопје побара да ѝ биде вратен пасошот, со образложување дека и бил потребен за да оди на летување.

Одбраната тврди дека обвинетата ја напушта Македонија само еднаш годишно, кога оди на летување во Грција.

„Сум ги примала сите покани од СЈО. Ветувам дека ќе присуствувам на сите рочишта. Одењето во странство е за моја оддишка“, рече обвинетата Јулијана Угриновска.

Обвинителот Стевчо Донев од СЈО побара жалбата на обвинетата да се одбие. Според него, обвинетата нема работни обврски и постои опасност од бегство.

Угриновска во случајот „Тендери“ е обвинета за соизвршителство додека работела како економистка во Мининистерството за култура. Во случајот е обвинета и министерката за култура Елиабета Канческа Милеска за нанесување штета на државниот буџет од 1 милион евра.

 

Но,

 

 

Поврзани новости