Трагедијата што се случи во Куманово на 9 мај минатата година има архитект и сето тоа е направено за пари, изјави на денешното рочиште за „Диво Насеље“, обвинетиот Деме Шеху, дополнувајќи ги воведните зборови на својот адвокат. Тој додаде дека тие во населбата биле шест дена и за тоа време, како што рече, ниту Абанци, ниту Македонци не се пожалиле дека предизвикале чувство на несигурност, пренесува Мета.
Обвинетиот Амди Красничи, исто така, како дополнување на воведниот говор на својот адвокат, рече дека обвинението е смешно.
-Ниту јас, ниту Сами Укшини (првообвинет.н.з.) не сме организатори на групата, како што сака да нè направи обвинението. Од помагачите, гарантирам со живот дека не познавам никого, а во куќите во Диво Насеље влеговме насила, рече Красничи.