Обвинение за скопјанец кој со нож ја прободел својата мајка во стомакот

by Fokus

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе  Обвинителен предлог против лице на возраст од 34 години, кое се товари за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-На 1 февруари во вечерните часови, по претходна вербална расправија, во дворот на семејната куќа на улицата „Ѓорги Крапчев“, обвинетиот извршил семејно насилство и телесно ја повредил сопствената мајка, нанесувајќи и убод од нож во пределот на абдоменот, соопшти Јавното обвинителство.

Имајќи предвид дека осомничениот и претходно го имал сторено истото кривично дело за што се водат и други кривични постапки  и други поплаки од неговата мајка, тој се даде во бегство, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.

Поврзани новости