Обвинение за лажната бомба во „Сити мол“ – наместо да го обезбедува трговскиот на шефот му пратил порака за бомба

by fokus

Скопското обвинителство поднесе обвинителен предлог за обезбедувачот кој лажно пријави дека има бомба во трговскиот центар „Сити мол“.

Вработениот во трговскиот центар кој преку агенција бил задолжен да го обезбедува објектот, од својот мобилен телефон пристапил на интернет страницата www.globefone.com и на неговиот претпоставен му испратил текстуална порака со содржина: „Напуштете го молот веднаш, има бомба“. Претпоставениот веднаш пријавил во полицијаи беше организирана и извршена евакуација на присутните лица во трговскиот центар. Во исто време беше ангажирана и екипа од Одделот за антитероризам во МВР кои утврдиле дека во објектот нема поставено експлозивна направа.

За лицето на сила се претходно определените четири мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска повремено да се јавува кај определно службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Поврзани новости