Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, денеска го осуди соопштението што ВМРО-ДПМНЕ го испрати за нападот на Саше Ивановски- Политико, како и самиот напад од страна на вицепремиерот Пешевски.
-По инцидентот владејачката партија објави соопштение во коешто го критикуваше новинарот дека бил провокативен додавајќи дека новинарите ќе ги сносат последиците доколку ја загрозат приватноста, слободата и правата на било која индивидуа. Ужасно е тоа што по нападот владејачката партија го осудува новинарот поради провокација, а не го осудува самиот напад, рече Мијатовиќ.
Таа додаде дека јавните службеници и политичарите мора да имаат повисок степен на толеранција за критичкото известување и имаат должност да ги заштитат сите новинари.