НСДП: Договорот е шанса да се порази диктатурата на Груевски

by Фокус 18:04
18:04

-Постигнатиот договор за надминување на политичката криза може да биде добра шанса и моќно оружје во рацете на демократски определените и слободољубиви граѓани за доаѓање до конечната цел – слободни и фер избори, на кои треба да се порази диктатурата на Никола Груевски, стои во соопштението од НСДП.

Од партијата велат дека прв тест за одржливоста, договорот ќе го има на 15 септември 2015 година, кога ќе треба да се избере  т.н. специјален обвинител, кој треба да ги процесира кривичните пријави против Никола Груевски и„ криминалната група околу него“.

- Advertisements -

-Дотогаш НСДП нема да верува во добрите и наводно искрени намери на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за слободни и фер избори. Истите тие од мартовскиот договор од 2013 година, по исфрлањето на пратениците и новинарите од пленарната сала на Собранието на Република Македонија и потписите на истите гаранти како на овој договор (ЕУ и САД), направија тоалетна хартија. Која е гаранцијата дека нема да се обидат истото да го направат и со овој договор?, прашуваат од НСДП.

Поврзани новости