ОБСЕ: Осврнете се повеќе на проблемот, отколку на ликовите во спотот

by Фокус 14:51
14:51

Амбасадорот Ралф Брет, Шеф на Мисијата во Скопје денеска ги коментираше реакциите на за видеото „Кажи не на насилството!“.

– Целта на видеото е да прикаже со каков тежок избор се соочуваат младите луѓе. Намерата на ова видео е да испрати силна порака, без намера да се промовира каква било дискриминација или стереотипи. Ја разбираме загриженоста којашто беше искажана неодамна, а во исто време веруваме дека најважен аспект во видеото е пораката, чија цел е да ги одврати младите од насилство. Поради тоа би сакале гледачите повеќе да се осврнат на проблемот, отколку на ликовите во видеото. Исто така ги покануваме сите кои го делат мислењето дека ова е благородна цел за иднината на земјата, да соработуваат со нас и заедно да ја споделиме пораката ’Да не дозволиме да победи насилството’ – вели Брет.

- Advertising -
"

ОБСЕ реагираше на коментарите во медиумите и на социјалните мрежи во врска со спотот против насилството во кој според многумина се промовираат стереотипи за тоа како изгледаат насилниците. Видео-спотот е поставен на интернет уште од март годинава, меѓутоа неделава се ширеше по социјалните мрежи. Проектот се реализирал со подршка на Мисијата на ОБСЕ, Советите за локална превенција и СВР – Охрид.

Поврзани новости