ДУИ бара од Уставен суд преиспитување на одлуката за распуштање на Собранието

by Фокус 14:01
14:01

Демократската Унија за интеграција поднесе инцијатива до Уставен суд за преиспитување на одлуката за распушатње на Собранието, соопштуваат неофицијални партиски извори.

Од таму велат дека иницијативата ја поднел пратеникот Талат Џафери, а со неа се бара одлуката да се прогласи за неуставна со што ќе му се овозможи на Собранието повторно да заседава.

- Advertising -

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети уште синоќа најави иницијатива за да се најде начин како да се свика повторно Собранието, а утринава по средбата со германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл, изјави дека се консултираат со домашни и странски експерти за тоа како да се свика повторно Собранието, со цел да се донесат неколку важни одлуки.

Ахмети потенцираше дека е во контакт со сите политички партии околу оваа иницијатива и ги повика да ја поддржат, додавајќи дека избори на 5 јуни нема да се одржат, затоа што не постојат услови за тоа.

 

Поврзани новости