388
Мисијата на ОБСЕ во Скопје одблиску ја набљудува и оценува безбедносната ситуација во Куманово и бара од сите засегнати да покажат воздржаност.
– Веруваме дека безбедноста на локалното население е од суштинско значење. Во постојан контакт сме со сите релевантни власти и бараме сите граѓани и политички партии да останат смирени. Најважен и итен приоритет е да се избегне ескалација која може да води кон натамошно насилство – рече амбасадорката Мариане Берец, заменик шеф на Мисијата во Скопје.