Телевизија Алсат-М повикува на смиреност

by Фокус

Телевизија Алсат-М објави апел до граѓаните. Ви го објавуваме во целост:

„Телевизија Алсат повикува на смиреност и воздржаност кон дестабилизирачки сценарија. Денешните настани во Куманово Алсат ги смета се обид за дестабилизација на земјата и дефокусирање на вниманието од длабоката политичка криза во која се наоѓа земјата како резултат на аферата со прислушувањето.

Затоа Алсат го повикува населението да биде смирено и да не стане жртва на таквите сценарија. Тенденцијата за дестабилизација се забележа и со случајот Гошинце, но и во други ситуации.

Во јавноста веќе неколку денови кружеа информации дека за вакви сценарија се дадени милиони евра. Вакви настани се случуваат во момент кога опозицијата најави објавување на клучните докази за најчувствителните случаи, како што е „Монструм“.

Затоа одредени кругови потпомогнати од неодговорни поединци и во функција на одредени служби, се обидуваат да го спречат обелоденувањето на вистината. Ваквите сценарија не му помагаат на населението и како никогаш досега е потребна воздржаност и избегнување на провокации“.

Поврзани новости