ОБСЕ одбива контакт со медиуми што го пренесуваат Миленко Неделковски

by Фокус

Мисијата на ОБСЕ реагирала со допис до Советот за етика во медиумите во врска со изјавата на Миленко Неделковски дадена на маргините на настанот на „Граѓанско движење за Македонија“ на 26 февруари, во Кавадарци, дека повеќето новинари и политичари, треба „да се закопаат длабоко и врз нив да се стави една дебела, силна, армирана, бетонска плоча за веќе да немаат никакво влијание врз ова што се случува“, како и на неговата редовна неделна емисија на Канал 5 телевизија, информираат од Советот.

– Забелешките на Неделковски се продолжение на негативната пракса на говор на омраза, како дел од неговите редовни искажувања. Мисијата на ОБСЕ во Скопје е вклучена во проекти против говорот на омразата. Доколку во медиумите се дозволува ширење на таков говор се компромитираат и се потценуваат нашите заложби“, се вели во реакцијата од Мисијата на ОБСЕ. Според тоа, Мисијата на ОБСЕ во Скопје „одбива каков било контакт со Неделковски и со сите медиуми што му обезбедуваат платформа за да ги искаже таквите ужасни пораки – се наведува во соопштението на Советот.

Од таму тврдат дека, тој ја надминал црвената линија во говорот на омразата, што е дејство што не смее да се толерира.Тие го повикуваат Советот за етика во медиумите на Македонија да ги разгледа последиците од таквите изјави.

Поврзани новости