659
Откако на информативен разговор денеска во полициската станица Беко беа повикани професорката Мирјана Најчевска и Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет, шарените револуционери се упатија на протест таму и со боја ја „бомбардираа“ станицата.
Тие утрово протестираат пред полициската станица во Центар, поради како што велат, „хајката и репресијата на режимот против борците за човекови права“.
Во знак на протест професорката Најчевска почна да ја бои фасадата со црвена боја, а поддршка доби од сите присутни на протестот кои во свои раце го земаа „оружјето на шарената револуција“со намера да го продолжат боењето на зградата.
Фото: Плусинфо