453
Времето денеска претпладне ќе биде облачно со повремен локален дожд, а попладне променливо облачно. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд претпладне. Во текот на попладнето променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 18 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, до петок ќе преовладува променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд. Во четврток попладне и кон крајот на денот локално ќе има услови врнежите да бидат поројни. Од сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.